Каракачанов: „Бугарија е под притисок од Германија, но ние сме суверена држава и нема да и свртиме грб на историјата !“

234

Вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов изјави дека Бугарија е под дипломатски притисок безусловно да ја поддржи Македонија за пристапување во ЕУ.

„Некои Македонци веруваат дека Германците и другите европски земји ќе направат притисок врз нас и ние безусловно ќе се согласиме да ги поддржиме. Тие нѐ притискаат, тоа е факт. Но, извинете, Бугарија има свое достоинство и има своја политика. Тоа е суверена држава. И никој не може да ни каже дека треба да свртиме грб на 1000 години од нашата историја“, рече Каракачанов во емисијата „Вози право“ на Нова ТВ.

Тој посочи дека Бугарија е под дипломатски притисок:

На прво место од државата којашто во моментов претседава со Европската унија. Германската дипломатија е многу активна во овој момент во оваа насока со аргументот: потоа можете повторно да ги запрете“.

Според него, мора да има принципи и тој дава пример дека Грците, кои биле многу нетолерантни, поставувале услови 18 години.

„Тие поставија услов да го сменат нивното знаме – тие го сменија. Подоцна името – тие го сменија. Тие поставија услови да се откажат од целата античка историја – тука беа во право, се откажаа. Направивме културен договор како меѓу две братски држави. Толерантен. Дадовме можност сѐ да случи во иднина, но гледаме дека повеќе од три години Скопје нема желба“, рече тој.

„Ако не ме лаже сеќавањето, не беше Бугарија таа што ѝ објави војна на Југославија во 1941 година, туку Германија ја окупра Југославија. Дали сте виделе плоча некаде во Скопје на која пишува за германските окупатори? Не, можеби се загрижени дека е малку е непристојно да се разговара со г-ѓа Меркел за германските окупатори. Сепак, тие сметаат дека е можно и нормално да се пишува за бугарските окупатори“, коментира Каракачанов.

„Јас сум министер за одбрана, а не министер за надворешни работи, но го знам правило на дипломатијата – кога течат преговорите, не се зборува многу, па затоа мојата колешка Екатерина Захариева не зборува за тоа, а факт е дека Скопје сака Бугарија да се согласи да ја закаже првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската унија. Факт е дека Бугарија има свои резерви, бидејќи има своја рамковна позиција од 2019 година. Постои договор меѓу Бугарија и Македонија од август 2017 година. Договор повеќе од три години Скопје не го почитува. Не само што не се придржува, туку верува дека нема обврска да се придржува“, рече Каракачанов во телевизиска емисија на бугарската Нова ТВ.