Карантинот вчера донесе нови 177 заболени од Ковид-19 !

224

Рекорден број заразени со Ковид 19 во Македонија. Вчера, на првиот ден од карантинот во четирите градови, се регистрирани 177 нови случаи и две жртви. 105 од нив се од Скопје додека втор регион со најголем број заразени е Липково со 26 нови случаи. Во оваа општина има 58 активни случаи.

Во Штип се регистрирани 15 случаи, а во Тетово 13. Во Гостивар се регистрирани осум нови случаи, додека во другите градови главно по еден случај.

Во Велес има четири излечени пациенти. Министерството за здравство по повеќе од 50 дена во Дебар евидентираше нов случај. Министерот Венко Филипче рече дека земјата е влезена во втората фаза на вирусот.

Според светските анализи, Македонија е рекордер во регионот по број на заразени и смртни случаи на милион луѓе. Фрапантно е што регионот излегува од кризата а ние одиме подабоко а селективните мерки ја влошија состојбата и наидоа на осуда и револт кај граѓаните.