Карбинци со свој клуб во Трета фудбалска лига

37

Општината КАРБИНЦИ го рестартираше фудбалскиот клуб.Го пријави учеството во Третата фудбалска лига, исток. Тренер на екипата е познатиот педагог, Никола ПОЛАЗАРОВ, кој досега се потврди со стручната работа со младите фудбалери. Теренот во Карбинци е уреден. Денеска ФК Карбинци ќе игра со МАЛЕШ. „Првенството треба да почне околу 20 септември…“- вели Никола Полазаров. Што се однесува до екипата, таа е составена од млади фудбалери, пред се, но има и неколку поискусни.„ Секој почеток е тежок, па и овој…“- ќе додаде Полазаров. Инаку, екипата на ФК Карбинци тренира во вечерни термини , под рефлектори, а и ќе игра првенствени средби во вечерните термини ,исто така под светлата на рефлекторите.