Католиците во Штип оддржаа божиќна утринска миса

615

Верниците католици од регионот, денеска го славата Христовото раѓање, согласно Григуријанскиот календар. По тој повод во католичката црква во Штип, свето Благовештение, сее оддржа празнична утринска божиќна миса, со која началствуваше, отец Тони Ангелов…
„Радувајте се, господ е близу. Тој, поради нас е тука.а сите ние овие денови ќе бидеме гласници на Христа, кои го навестуваат неговото доаѓање. Раѓањето Христово е празник на љубовта, да се сакаме, да се почитуваме и да си подадеме рака, едни со други за соживот, за подобро утре“, изјави отец Тони Ангелов.