Квалитетот ја диктира откупната цена на пченицата

0
71

Квалитетот ја диктира откупната цена на пченицата. Ова го констатираа надлежните од министерството за земјоделство, откако вчера земјоделците излегоа со став дека за килограм лебно жито не добиваат  10,5 туку по одвај 8,5 денари за килограм.

„…Откупната цена на пченицата зависи од квалитетот, а пченицата која што се откупува од 7 до 8,5 денари за килограм е наменета за сточна храна. Во моментов откупната цена на пченицата со висок квалитет се движи од 9 до 10,5 денари за килограм…“

Годинава, поради обилните врнежи од дожд, квалитетот на пченицата беше исклучително лош:

  • Покрај сите проблеми со кои се соочуваат оваа година земјоделците, допринос имаат и јулските дождови. Тие значително го намалија квалитетот на лебното зрно. Затоа и висината на откупната цена е на ова ниво. Поради лошиот квалитет на пченичното зрно поради голема присутност нна влага во него, во принцип беше договорена откупна цена од седум до седум и пол денари за килограм пченица. сепак, знаеме дека ова е премалку, па с еодлучивме откупната цена да се задржи на осум денари за откуп на килограм пченица засега, доколку во наредниот период не интервенира државата со цел зголемување на висината на откупната цена, објасни Ѓеоргиев Николчо Ѓорѓиев, сопственик на „Мак Млин“ – Чешиново.

Голем дел од пченицата што е откупена е извезена како сточно брашно. До крајот на оваа недела Државниот инспекторат за земјоделство чии претставници од понеделникот се на терен, ќе излезе со точни податоци колкава количина на пченица е досега откупена.

https://youtu.be/ilXh-HsuyWA

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here