Кит-Го Пехчево внимателно во дебитантскиот настап во Втората лига

0
121

Екипата на Кит-Го Пехчево за прв пат во својата кратка историја ќе заигра второлигашки фудбал. Тимот формиран пред само неколку години по експресен пат стигна до вторлигашкото натпреварување, а во него ќе влезат максимално подготвени, вели тренерот Трајче Сенев.

„Одработивме одлични подготовки. Задоволен сум од залагањето на сите играчи во текот на целиот подготвителен период. Одигравме и неколку пријателски средби на кои шанса добија сите играчи“ – вели Сенев.

Она што повеќето други второлигаши го имаат, а Кит-Го го нема, е искуството во второлигашкото натпреварување, но и фудбалската традиција на клубовите. Но, и за ова пехчевци се свесни и подготвени.

„Секако дека на секој натпревар ќе одиме да оствариме позитивен резултат. Целта ни е да бидеме во горниот дел на таелата. Ги почитуваме сите екипи и мислам дека секоја екипа си има свој квалитет и секој натпревар си има своја тежина. Во тимот има позитивна атмосфера и мислам дека тимскиот дух ќе влијае и за добри резултати во екипата“ – подвлекува Сенев.

Дебитантскиот настап во Втората лига Кит-Го ќе го има во сабота против екипата на искусната Плачковица на домашен терен во Пехчево.

https://www.youtube.com/watch?v=MPg2BvutMMk&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here