Клоца за Мурињо…Зидан се сели во „Манчестер Јунајтед“ ?!

0
157

Англиските медиуми веќе извесно време го поврзуваат Зинедин Зидан како идеална опција за наследник на Жозе Мурињо, а со оглед на тоа што ситуацијата во клубот изгледа доста конфузно во овој момент, навивачите на Манчестер Јунајтед се почесто гледаат позитивно на можна ваква промена во блиска иднина.

Константните проблеми и препирки кои ги има Мурињо со големата ѕвезда Пол Погба не одат во полза на никој во тимот, а ако продолжат во тоа темпо до крајот на сезоната, не се исклучува можноста и двајцата да го напуштат „Олд Трафорд“ за мирен тек во соблекувалната на Јунајтед.

Можно вакво сценарио почнаа да посакуваат и одреден дел од фановите на Јунајтед, а како што информира угледниот таблоид „Сан“, Зинедин Зидан будно ја следи ситуацијата во Манчестер и веќе го направил првиот важен чекор за приближување до „жешкото столче“ на театарот на соништата.

Како што тврди респектабилниот медиум, Зидан започнал со забрзано изучување на англискиот јазик, а секако тоа е прва и доста важна препорака за преземање на клуб од висок калибар, а исто така не треба да се заборави дека самиот Французин пред 20-тина дена истакна дека набрзо ќе се врати во светската фудбалска сцена со амбициозен проект.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here