Коронавирусот мирува. Бројот на изолирани во регионот идентичен на вчерашниот

173

Коронавирусот мирува. Бројот на изолирани во регионот е идентичен на вчерашниот и изнесува  613 лица во задолжителна самоизолација.

Штип останува и понатаму град со најмогу лица кои се во самоизолација – 252 , од кои  25 лица се со решение.

Кочани, Општина Чешиново Облешево и Зрновци трите општини заедно имаат бројка од 108 лица во задолжителна самоизолација

„Податоците со кои располагаме се вклучени Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево. Вкупната бројка е 108 од кои 34 се возачи за кои важи друг режим“ изјави Николчо Илијев-градоначалник на о.Кочани

Во останатите општини состојбата е следна: Берово 75, Делчево 60, Пробиштип 51 од кои 15 со решение за задолжителна самоизолација, Пехчево 13, Каменица 12.

Во општина Карбиници  бројот на самоизолирани лица е 9. Таму ќе се поделат и 2.000 заштитни маски на сите жители

„О. Карбинци набави 2000 марки за сите граѓани на о. Карбинци а ќе бидат доставувани преку кризниот штаб“ изјави Јордан Насев-градоначалник на Карбинци

Инаку како дел од превентивните мерки за заштита на населението со коронавирусот е затворањето на пазарите.  Сточниот пазар во Чешино-Облешево не работеше и денес, Виница  целосно го затора пазарот, а под клуч  и овој петок ќе биде и Штипскиот :

„Градскиот пазар и овој петок ќе биде затворен како и претходниопт петок. Поради ова ги информирам граѓаните дека нема да функционира“ изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип

Како дел од превентивните мерки за заштита на населението се однесуваат и на сите невработени граѓани:

„За сите невработени лица пријавувањето ќе биде времено запраено и ќе биде оправдано“ Изјави  Катица Арсова-раководител на АВРСМ-Штип

Сево ова е во функција на ограничување на движењето на граѓаните, а со тоа и ширење на вирусот.