Корона вирусот ја префрли средношколската настава на Фејсбук

214

Со онлајн учење, наставниот кадар од штипското средно текстилно училиште ги  разрешува дилемите за актуелното прашање помеѓу средношколците,. како и на кој начин ќе бидат тестирани и оценети во новонастанатата состојба предизвикана од Корона вирусот…

„Нашите наставници од утре започнуваат со обука како да се осовремени оваа настава со далечинско учење, или он лај настава преку одредени платформи. Показно, за ден два наставниците по обуката, што ќе биде во он лајн форма, ќе можат во соработка со сите наставници да дадат насоки како тоа да биде изведено во посовремено и посифистицирано и секако по достапно за учениците“, изјави Катица Костова – директор на СОУ „Димитар Мирасчиев“-Штип

Две недели, од практикувањето на оваа форма на настава, надлежните од текстилна нашле начин како да го реализираат практичниот дел…

„За практичната настава, наставникот на учениците испраќа видео клипови, каде може преку нив ученикот да го проследи процесот на одвивање на практичниот дел, поточно, на одредена практична вежба. Ученикот тоа го разгледува повеќе пати, и се остава, кога ќе се нормализира ситуацијата, наученото од видео клиповите и практично да го покаже во училница“, објасни Костова

72 ученици од деветте паралелки од средното текстилно покажале одговорност во реализацијата, учење  на далечина. Редовни се во конекцијата со наставниците преку социјалните мрежи. Добиените задачи навремено ги исполнуваат,а договорот за остатокот од реализација на наставата засега оди без проблем. Иста е сликата и со останатите средно школски образовни институции во општината.