Корона светска статистика: Заразени близу 30 милиона, починале 925.000 а се излекувале над 20 милиона луѓе !

82

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 29.015. 690 лица. Од нив починале 925.603 пациенти, а излекувани се 20.890,689 луѓе.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Иран се зголеми за 2.089 на 402.029, изјави денеска портпаролот на Министерството за здравство. Земјата, исто така, соопшти за 128 нови смртни случаи во изминатите 24 часа.

Портпаролката Сима Садат Лери изјави дека официјалниот број на жртви од Ковид-19 во Иран, една од најпогодените земји на Блискиот исток, е 23. 157 лица.