Косово: Братучедот на Харадинај добил куршум во задник ?!

86

Братучедот на Рамуш Харадинај, Мустафа Ахметџекај (46) кој беше ранет вчера на пладне во Пеќ, тврди дека претходно немал проблем со осомничениот кој пукал во него.Тој за косовските медиуми објасни дека бил мета на напад, а сè се случило откако прво разговарал со осомничениот.

„Со лицето кое пукаше, вежбавме заедно фитнес во теретана. Бев во ресторанот и јадев, момчето дојде, се поздравивме и му реков дојди да пиеме кафе и разговараме за некои работи. Тој не седна. Малку подалеку имаат автошкола. Се врати со неговиот татко и почнаа да ми се закануваат. Им реков да ме остават да си го дојадам јадењето. Кога влегов во автомобилот, неговиот татко го впери пиштолот кон мене“, рече Ахметџекај.

Осомничениот испукал неколку куршуми кон него при што два го погодиле во ногата, а третиот во задникот. Повреден бил и случаен минувач.

Според лекарите, здравствената состојба на двајцата повредени е надвор од животна опасност, додека полицијата сè уште не успеала да го фати сторителот.