Косово: Обвинителството упати 63 налози за осомничени за воени злосторства !

Косовското обвинителство издаде 63 налози за апсење на осомничените за воени злосторства, но со тие случаи се занимаваа само двајца обвинители, од кои еден е Елез Бљакај кој поднесе оставка, изјави главниот косовски обвинител Александар Љумези.

0
27

Тој додаде дека не е запознаен за времето кога Специјалното обвинителство во Хаг треба да го покрена првото обвинение, затоа што сè уште e во тек истражната постапка, наведуваат приштинските медиуми.Според неговите зборови, постојат 19.000 лица на кои нелегално им е доделен статус на воени ветерани и кои имаат привилегии.

Тој изјави за Радио Слободна Европа дека Бљакај поднел оставка откако ги подготвил обвиненијата против одредени лица вмешани во овој случај, и истите ги доставил во Специјалното обвинителство за понатамошно разгледување.

На прашањето дали Обвинителството се плаши од политика, Љумези одговорил дека „политичарите треба да се плашат од обвинителството, а не обратно“.

„Коха Диторе” неодамна објави, цитирајќи неименувани извори во судството, дека Бљакај поднел оставка поради заканите што ги добивал за време на неговата работа.

„Коха“, исто така, наведува дека Бљакај истражувал и поднел обвиненија во неколку случаи поврзани со тероризмот и дека неодамна ги испитувал злоупотребите со списоците на воените ветерани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here