Косово се предомисли и ги укина царините за македонските производи !

0
123

Косово ги укина дополнителните царини за увоз на земјоделски производи од Македонија. Владата во Приштина на седница одлучи целосно да ја укине мерката за зголемените царини на овошјето и зеленчукот за 30 насто којашто беше донесена на 18 овој месец.

Одлуката стапува во сила од денес, информираше Министерот за економија, Крешник Бектеши.

Настанатите штети поради двонеделниот стопиран извоз на овошје и зеленчук на Косово допрва ќе се утврдуваат и ќе се разгледува дали ќе има мерки со кои ќе се надоместат штетите на земјоделците од Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here