Home Балкан Косовската полицајка која си го уби семејството, прво и дала 12.000 евра...

Косовската полицајка која си го уби семејството, прво и дала 12.000 евра на тетката, за погреб !

Новите шокантни информации објавуваат медиумите на Косово за семјното злосторство кое го изврши полицајката Ваљдете Блаца во Гњилане. Таа ги уби двајцата браќа и родителите во семјната куќа, а птоа самата се самоубила со службен пиштол кој го украла од полицикста станица, бидејќи за носење на оружје имала забрана поради психолошки здравствени проблеми.

Медиумите откриваат дека меѓу убиствата на најблиските и нејзиното самоубиство, полицајката не и дозволила на својата тетка и нејзиниот син да влезат во куќата за да не ги видата телата на застреланите, а претхоидниот ден на истата без образложение и дала 12.000 евра, откако се распрашувала колку чини погреб. Се претпоставува дека парите полицјаката и ги дала на тетка си за да го погребе целото семејство.

Ваљдете, која ги уби браќата Блерим (33) и Фисник (34) со два истрела од куршум, од кои едниот на спиење, а потоа и нејзините родители, мајката Ханифа (66) и таткото Зекир (70), била неколку часа сама со телата на застрелните. Кога тетката на Ваљдете се појавила пред вратат, старвувајќи дека  дека ќе ги види телата на нејзините најблиски, не и дозволила да влезе внатре со образложение дека семејството е зафатено, а таа се брза да излезе и ја затворила вратата ! Тетката и нејзиниот син кога се оддалечиле од куќата го се слушнале и последниот истрел со кој си го одзела животот полицајката Валдете. Веднаш потоа тие ја повикале полицијата и по влегувањето во домот ја затекнале грозоморната сцена.

Медиумите објавија дека полицијката подолго време го планирала злосторството и ја прашала тетката претходниот ден колку чини погреб, а потоа и дала 12.000 евра без да и каже зошто.

Соседите пак во вторникот раскажаа уште едно можно сценарио за убиство, според кое полицајката се вратил дома од работа и го нашла нејзиниот брат Блерим како пука кон членовите на семејството. За да го спречи, таа го убила, а потоа и самата си пресудила. Некои официјални претставници ги негираа ова сценарио со потврдата дека на местото на настанот е пронајдено само едно оружје, нејзиниот службен пиштол кој и бил во нејзината рака.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Белгија го заврши фудбалското првенство пред време – Бриж нов шампион !

Белгија е првата земја во Европа чија фудбалска федерација ќе донесе одлука што да се прави со првенството и покрај тоа што...

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос донираше 100 милиони долари за храна !

Џеф Безос и неговата компанија Амазон, како дел од борбата против корона-кризата, ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи...

Над 12.000 луѓе конкурирале за астронаут на НАСА и сакаат да бидат дел од новата мисија на месечината !

Над 12.000 луѓе се пријавиле да станат астронаути во новата програма на НАСА Артемис, објави американската вселенска агенција. Ова...

50 % од луѓето можат да го имаат Корона вирусот, но да немаат никакви симптоми, но ќе го пренесат на други !

Повеќе нови сознанија покажуваат дека луѓе без симптоми го поттикнуваат ширењето на корона вирусот, поради што во САД се разговара на високо...

Заради криза со вирусот на западот, кинескиот бизнис во опаѓање – Се бараат само заштитни маски !

Како што глобалната пандемија го зема својот данок кај извозно ориентираните производители, така се намалуваат и кинеските надежи за брзo економскo опоравување...