Кочанското училиште „Љупчо Сантов“ ќе ја развива интелигенцијата кај учениците

0
135

Кочанското училиште „Љупчо Сантов“ ќе ја развива интелигенцијата кај учениците, односно ќе го поттикнува нејзиното правилно препознавање и користење.

Ова е предвидено со проект во кој учествуваат претставници од Македонија, Турција, Италија и Португалија, а кој е финансиран од Еразмус плус програмата:

„Според една подалба секој човек поседува 8 вида на интелигенција. Доколку ги препознае и правилно насочи, ќе постигне голем успех во животот. Наша цел преку овој проект е да влијаеме на препознавање на секој вид интелигенција кај учениците и нејзино искористување“, истакна Бранка Ѓорѓиева Иванова, педагог во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.

Проектот ќе трае две години, а во него ќе бидат вклучени учениците од прва и втора година.

https://youtu.be/R_Ohtro6jwE

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here