Кривични за градоначалникот на Зрновци и бившиот и сегашен директор на јавното претпријатие

0
271

Кривични за градоначалникот на Зрновци и бившиот и сегашен директор на јавното претпријатие поднесе денес штипската полиција. Бившиот директорот на своја рака на граѓаните им ја покачил водата за пиење, без одлука на управниот одбор и на Советот, а градоначалникот му го овозможил тоа, тврдат од полицијата.

Кривичното дело директорот го сторил уште во март 2015 година кога цената за вода од 20,  ја покачил на 25 ден за м/3 вода и канализација од 4 на 6 денари за м/3:

„Во периодот од 01.03.2015 до 01.06.2018 година издавале фактури со покачени цени за вода и канализација, со што прибавиле значителна имотна корист за КЈП „Водна Кула“ Зрновци за вкупен паричен износ од околу 2.343.312 денари, на штета на граѓаните на Општина Зрновци. Искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во наведениот период првопријавениот  постојано го менувал бројот на корисници на услуги (бришел и додавал корисници), со што бројката на корисници постојано варилала до околу 170 корисници, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Градоначалникот иако можел да го спречи ова, не го направил тоа, со што директно ги оштетил граѓаните:

„На тој начин што не утврдил дали согласно закон е извршено покачувањето на цените за вода и канализација во месец март 2015 година која надлежност му произлегува од  Законот за локална самоуправа, односно истиот не ја исконтролирал законитоста на прописите на Советот на општина Зрновци, со што овозможил на првопријавениот да го реализира противправното покачување на цените за вода и канализација  и да се зголемат приходите на КЈП „Водна Кула“ Зрновци  за паричен износ од околу 2.343.312 денари во период од 39  месеци“, кажа  Панајотова.

Сегашниот директор доби кривична затоа што ги вратил цените на претходното ниво, но тоа го направил без  притоа  да постапи во согласност со законските прописи, и започнал со издавање на нови фактури за наплата со намалени цени за вода и канализација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here