КСС: Следува социјална криза

18

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија тврди дека на повидок е социјална криза. Според нив, неформирањето на влада и свесното одолговлекување на нејзиното формирање влијае на целата ситуација од економски аспект. Додаваат дека секое економско продлабочување на кризата води кон социјална криза и губење голем број работни места.