Култниот роман на Петре М. Андреевски – „Пиреј“ преведен на германски јазик

0
59

Две години биле потребни на професорот Бенјамин Лангард од берлинскиот Универзитет Фрај, да го преведе култниот роман на Петре М. Андреевски, „Пиреј“.

„Мотивот да го преведам „Пиреј“ на германски јазик е фактот што многу ми се допадна романот. Имав среќа и еден издавач во Берлин да го сподели моето воодушевување од романот и го испечати. Книгата се појави на пазарот и успехот е тука“, изјави Бенјамин Лагарад универзитетски професор.

Тешкиот дел од преведувањето биле народните изрази во текстот на романот. Со помош на семејството на авторот Андреевски и жителите од селото Слоешница, професорот Лангард успеал да ја долови атмосфреата и поентата што во себе го носи „Пиреј“. Впрочем, позитивните критики на германската читателска и издавачка фела го потврдиле тоа.

„Одзивот на читателите, но и на печатените медиуми е многу добар. Пред сé, задоволни се оние од весникот „Берлинер Алемајне Цајтунг“. Сега, романот на германскми јазик не е бестселер, затоа што во Германија тоа е доста тешко да се постигне но, продажбата оди доста солидно, тоа е важно“, дополни професорот Лангард.

Германскиот превод на „Пиреј“ беше повод денеска професор Лангард да оддржи работилница со студентите од Филолошкиот факултет, отсек германски јазик на УГД.

„Ние ја продолжуваме соработката со Универзитетот Фрај од Берлин, со надеж дека таа ќе биде продлчабочена со низа останати преводи на германски јазик на останати македонски литературни дела, но и на полето на размена на искуства од нашата работа, преку предавања на нивни и наши професори и оддржување на тематски работилници на обата универзитета“, оцени Драгана Кузмановска – декан на Филолошки факултет УГД Штип.

„Пиреј“ е четврти роман преведен на германски јазик од професорот Лангард. Досега на германската читателска публика и се достапни романите на Влада Урошевиќ и Гоце Смилевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here