Куп на Македонија: Кит-Го и Брегалница со победи, Осогово со пораз

0
180

 

Кит-Го го тргна секој сомнеж дека е екипа за потценување. На натпреварот во рамките на Купот на Македонија против Шкупи, пехчевци славеа со 2:0.

Македонскиот претставник во квалификациите за Лига Европа си замина понижен од Пехчево, каде домашната екипа преку извонредниот Мартин Стојанов успеа д поведе уште во 13-тата минута од мечот.

Во 23-тата минута домашниот голман Дураковиќ заработи црвен картон, па пехчевци мечот го продолжија со 10 играчи.

Во судиското продолжение домаќините успејаа да постигнат уште еден гол преку Мартин Стојанов, за конечните 2:0 и убедлива победа на Кит-Го.

Брегалница сосема очекувано ја бетонираше својата апсолутна доминација над Поешево. Битолскиот општински клуб беше поразен со високи 0:8 во Новаци и со тоа само се потврдија очекувањата за оваа средба на Давид и Голијат.

Осогово во Кочани несреќно загуби од прволигашот Пелистер. И покрај играта на ниво на кочанчани, сепак неупешнта реализација ги чинеше елиминација од Купот.

Од останатите натпревари во рамките на Купот, Кораб славеше над Борец во Дебар со 1:0. Беласица очекувано беше посилна од Велазерими во Кичево со 0:4. Работнички ја декалсираше Фортуна во Скопје со 0:6, а Лабуништа успејаа да постигнат гол против Академија Пандев, недоволен за победа до конечните 1:3.

Истоимените Вардар Форино и Вардар завршија со победа на скопскиот Вардар од 0:4.

Соседите Тетекс и Гостивар регуларниот делод мечот го завршија со 1:1, па на пенали среќата повеќе ги послужи гостиварчани за 3:4.

Силекс, очекувано беше доминантен над Братство со 0:7, Тиквеш изненадувачки славеше над Ренова со 2:1. Новиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров го порази Превалец со 0.2, а неготински Вардар сосема очекувано не успеа да се справи со Скопје во средбата која заврши со 1:3, во корист на скопјани.

https://www.youtube.com/watch?v=W6jQitsDXkk&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here