Лашманиозата ја зема првата жртва во Штип. 64-годишна жена починала како последица од инфекцијата

0
875

 

Штип и Струмица се лидери во Македонија и регионот по присутноста на таканаречените пам патачи мушички, инсекти преносители на болеста Лашманиоза, тврдат надлежните од штипскиот Центар за јавно здравје, базирајќи се на оценките на експретската група од  Европскиот центар за контрола на заразни болести.

„2015 година дојде екипа од доктори и професори од европскиот ЦДЦ, кои ја истражуваа Македонија и сите земји во регионот. Заклучија дека Македонија како земја ,а посебно градовите и Струмица и Штип се места со најголема концетрација на мушичките преносители на вирусот на тропската болест лашманиоза“,  информира д-р Александра Србиновска – ЦЈЗ – Штип.

Кала Азар, дум дум треска или нам позната како лашманиоза е тропска болест, чиј како што велат епидемиолозите, своевиден трезор и носител на вирусот се кучињата скитници, а преносители се токму спомнатите пам патачи мушички што наликуваат на комарци. Но, што е фактички лашманиозата.

„Тоа е интра келиски паразит кој го пренесуваат сент флај мушичките или нам познатио како пам патачи мушички. Мали се , но се налик на комарци. Овие мушички цицаат крв од кучињата, кои се носители на вирусот на лашманиоза. Со оваа заразена крв ако каснат човек го заразуваат“, објасни д-р Србиновска.

Потребно е големо внимание при лекувањето на заболените од оваа тропска болест. Симптомите и како се лечи се карактеристични.

„Лашманиозата не се лечи со антибиотици, но со анфотерицин бе лек по избор или антимон. Ова фактички се 12 инфузии. Со тоа директно се напага пареазитот на лашманиозата влезен во клетката на човековата крв. Инкубацијата на оваа болест може да  трае од шест месеци до една година, симптомите речиси се исти како и симптомите на леукемија бидејќи крвната слика дава намален број на сите крвни клетки, што е  исто и симптом за леукемија, доаѓа до оток на слезината и црниот дроб. Лицето чувствува малаксаност, студ, има треска, но може овие сипмтоми и да ги нема“, објасни д-р Србиновска.

Летово статистиката го бележи првиот смртен случај од оваа болест во Штип. Се работи за 64 годишна штипјанка кај која болеста со симптоми и наоди – слабост, панцитопенија и хепато-спленомегалија започнала во април годинава. Била третирана од матичен лекар и интернист во Клиничката Болница од Штип од каде е препратена на Клиниката за хематологија – Скопје. Дијагностицирана е лајшманиоза по што е префрлена на клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во одделот за Интензивна нега каде починала на 30 јули ова лето.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here