Лидерот на „Левица“, Апасиев, на суд изјави дека добива закани за семејството !

176

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, тврди дека добива закани кон него и кон неговото семејство, откако ги напишал Фејсбук статусите за кои во моментов има отворен предмет во Јавното обвинителство.

Апасиев денеска пред Обвинителството изјави дека тој во неговите пораки до јавноста секогаш се држи до практиката на Европскиот суд за човекови права и дека ќе продолжи тоа да го прави и понатаму, односно нема да престане со Фејсбук статусите кои ја скандализираат јавноста.

Во изјава за медиумите тој вели дека не очекува обвинение за случајот, но најави кривични пријави против оние кои го пријавиле за наводното ширење омраза.

Апасиев беше повикан на распит во Обвинителството во однос на четирите поднесени кривични пријави против него од страна на МВР, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Тања Милевска и Мерсиха Смаиловиќ.