Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот !

174

За една година, Србија ги зголеми своите резерви на злато за повеќе од 10 тони и во моментов има 32 тони во вредност од 1,66 милијарди евра, а Хрватска, нема ни грам.

Од друга страна, некои земји во регионот го користеа своето злато како залог за заем, пишува Блиц.Податоците од World Gold Council (Светски совет за злато), најточна база на информации за резервите по земји, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот – 6,89 тони.

Следува Словенија со 3,17 тони, Босна и Херцеговина со 2,98 тони и Црна Гора со 1.090 килограми злато залоено за кредит. За Хрватска, бројката е нула.