Македонија меѓу петте најлоши економии во време на Ковид криза !

81

Македонија е во првите пет земји од ЕУ кои бележат драстичен пад на БДП над 10%.Ако се погледнат статистиките во европските земји во споредба со Македонија, сите имаат подобри резултаи од нас.Србија има пад од -6,3%, двојно подобро се справувала со економската криза отколку земјава, иако имала многу подраматина состојба со Корона кризата.

Земји кои немаат толку драстичен пад во БДП од европските држави се Литванија со само 4%, Бугарија со -8.5%, Полска со -7.9%, Данска со -8.2%, Романија со -10.5%, Чешка со -11% и Естонија со -6.5%.

„Макроекономски монитор“ од „Finance think“ оценува дека има рецесија во македонската економија, со падови во индустријата од -25.3%, трговијата, транспортот и угостителството од -23.4%, извозот од -25.6% и инвестициите за -29.6% покажува дека економијата е затворена и има најдлабока индуцирана рецесија на македонската економија.