Малта: Лекарите најавија штрајк, ако се оддржат четири големи концерти кои можат да ја рашират короната !

97

Лекарите и медицинските здравствени работници се заканија во петокот дека ќе шрајкуваат поради загриженоста поради четирите големи музички фестивали на малиот медитеранскиот остров кои може да бидат голем ризик за ширењето на коронавирусот.

Овие настани, вклучително и BPM фестивалот на електронската музика од 11-ти до 13-ти септември, вообичаено привлекуваат илјадници странски туристи во август и септември.

Медицинското здружение на Малта (MAM) порача дека ќе ги затвори сите клиники и ќе им советува на лекарите да ги одложат сите вонболнички интервенции во малтешките државни болници, доколку владата не ги одложи фестивалите.

Синдикатот на медицинските сестри MUMN ѝ даде ултиматум на владата да ги откаже настаните. Синдикатот го обвини премиерот Роберт Абелa дека ги избрал „лакомите претприемачи“ пред животот на ранливите луѓе. Фармацевтите, исто така, најавија штрајк, доколку музучките фестивали не бидат откажани.