Масовна тепачка во Делчево, тешка кражба од манастир во Аргулица и пријава за двајца крадци од Пробиштип

0
961

Масовна тепачка во Делчево. Се тепале шест лица и тоа четири од едната и двајца постари граѓани од другата страна:

„Во тепачката двете групи си размениле по неколку удари, а двете постари лица се здобиле со повреди“, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Тешка кражба е регистрирана од манастирот „Св. Спас“ во карбинското село Аргулица. На ден Крстовден – еден од големите православни празници, непознат од манастирот изнел речиси се:

„Украден е 10 м. електричен кабел, 100 л. зејтин, 10 кг свеќи, две бакарни котлиња, крпи, светилки, акумулатор и ситни пари“, појасни Панајотова.

Две лица од Пробиштип на возраст од 41 и 42 години од денес се со кривична пријава од полицијата. Тие се идентификувани како одговорни на две тешки кражби :

kjøp replika klokker „Во првиот случај  извршена е бесправна сеча на 2,72 метри кубни огревно дрво од приватен имот во атар на село Долно Барбарово, а во вториот случај   исто така од приватен имот но во Свети Николе исечени се 2,02 метри кубни дрва. Вкупната корист што ја обезбедиле за себе е 12.000 денари“, кажа портпаролката на СВР – Штип.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here