Мајка се обидела да шверцува марихуана за син во штипскиот затвор !

382

Од штипскиот затвор до СВР Штип пријавиле дека во пакет наменет за затвореникот Х.В., кој го донела неговата мајка Б.В., службени лица пронашле марихуана.

Како што информираа од МВР, полициски службеници извршиле увид и ја одзеле марихуаната.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.