Меркел: Нема промени на границите на Балканот…точка !

Германската канцеларка Ангела Меркел, денес во Берлин, по состанокот со претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ изјави дека на Балканот нема да има промена на границите и дека „се чини дека секој пат тоа мора да се повторува."

0
75

Меркел на заедничката прес-конференција изјави дека сите земји од Западен Балкан сеуште имаат изгледи за членство во ЕУ, истакнувајќи ја важноста од соработката меѓу земјите од регионот, според регионалните телевизија Ен1.

„Севкупно гледано соработката во Западен Балкан е подобрена. Ние ги охрабруваме лидерите на земјите од регионот што поблиску да соработуваат. Исто така разговаравме за мигрантската криза, и ние ќе направиме се за да и помогнеме на БиХ за решавање на овој проблем и сме благодарни за хуманиот третман на мигрантите“, рече германската канцеларка.

Таа додаде дека значаен економски развој на Босна и Херцеговина ќе го намали одливот на младите луѓе од земјата и дека Германија тука игра голема улога како еден од најзначајните партнери на Босна и Херцеговина.

„Ние ја охрабривме владата (Советот на министри на БиХ) и поединечни одговорни лица да побрзаат со одговорите на прашалникот. Што се однесува до изборниот закон важен е компромис од сите страни. Уште поголема важност има измената на кривичниот закон и тука имаме правен вакуум. Мора да се зајакне борбата против корупцијата, криминалот и тероризмот“, додаде Меркел.

Звиздиќ рече дека најважните приоритети за БиХ се интеграцијата во ЕУ и во НАТО.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here