Меси се враќа во селекцијата на Аргентина – Суспензијата за црвениот картон повеќе не важи…му простија !

103

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси ќе има можност да настапува за репрезентацијата на Аргентина во натпреварот од квалификациите за Светското првенство против Еквадор.

Квалификациите за Мундијалот почнуваат следниот месец, а Аргентина првиот меч го игра на 8 октомври во Буенос Аирес против Еквадор и Меси ќе биде одлично засилување за нив.Меси беше суспендиран од Фудбалската федерација на Јужна Америка по црвениот картон кој го доби на Копа Америка во 2019 година по инцидентот со Гери Медел.

Сепак, иако од тогаш не настапуваше за репрезентацијата, суспензија нема да има. Аргентинците добија потврда дека казната на Меси повеќе не важи.