Министерот за Образование Адеми, предизборно „заменува“ имиња на училишта во Чаир – „Жинзифов“ стана „Кемали“ !

322

Арбер Адеми, министерот за образование, предизборно објави дека се променети имињата на две основни училишта во скопски Чаир.

„Откако ги потпишав неопходните акти, конечно заврши прашањето за именувањето на училиштата во Чаираир. „Никола Вапцаров“ сега официјално ќе се вика „Имри Елези“. Исто така, „Рајко Жинзифов“ сега официјално ќе се вика „Исмаил Кемали“, објави Адеми.