Министерствата лицитираат со пари за референдумот – Владата се рекламира со државни пари !

Владата на седницата в среда, ќе обелодени колку средства ќе се одделат за кампањата за претстојниот референдум за договорот меѓу Македонија и Грција. Досега само Министерстото за одбрана излезе со информација колку средства ќе намени за претстојниот референдум.

0
59

Од другите министерства нема информации кој колку средства ќе пренамени за оваа цел, иако вчера истече рокот за да достават информации до Министерството за финансии, за средствата што ги имаат на располагање, што би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот.

Во меѓувреме експерти и јавноста негодуваат што државата со државни пари,спртивно на Законот че го рекламира референдумот.Околу еден милион евра ќе одвои Министерството за одбрана за кампањата за референдумот – ова го изјави министерката Радмила Шеќеринска на отворениот ден на АРМ. Останатите министерства кои беа повикани да одовојат дел од буџетите се уште тактизираат иако наметнатиот „рок“ од Владата истекува кога треба да кажат колку пари ќе одвојат.

Владата нема право бидејќи не е овластен предлагач, но сепак го најави почетокот на кампањата за референдумот и тоа со државни пари. На таков начин го крши Законот за референдум, Пржинскиот договор како и препораките на Венецијанската комисија, велат правните експерти.

Според дел од нив воопшто и не постои референдумско рекламирање туку само јавна пропаганда која почнува на самиот ден на распишувањето на референдумот. Други пак, тврдат дека владата ја започнува предвреме јавната кампања бидејќи просто ја смета за нерегулирано прашање иако е јасно дека во случај на непостоење на норми за референддумска кампања се применува Изборниот законик. А тој законик пак, предвидува само 20 дена референдумска кампања која во овој случај мора да почне дури на 10 септември.

Дополнителен проблем е и неопходноста од обезбедување еднакви услови и достапност до јавните медиуми за сите оние кои сакаат да се произнесат во врска со референдумот, а што е регулирано и во членот два на кодексот на Венецијанската комисија.

-Во истиот член се регулира и забраната за јавно финансирање, односно се предвидува само партиско финансирање на кампањата. Тоа значи, доколку СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или Левица сметаат дека треба да водат камапња, тогаш треба самите да ја финансираат, но никако не смее да се допираат буџетските пари – вели универзитетскиот професор Димитар Апасиев.

На забелешката дека Владата ја убедува јавноста дека нејзината кампања е само информативна, Апасиев дециден.

-Тоа е злоупотреба на правото. Владата не смее да води кампања со државни пари и точка. Можат партиите, но Собранието или Владата не, бидејќи тие немаат други пари освен државните. Секое финансирање на таква кампања макар и да се нарекува информативна е пречекорување на добрите референдумски практики застапени во Советот на Европа – објаснува Апасиев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here