Мичел: Преспанскиот договор е можност да ве пречекаме како 30-та земја членка во НАТО

0
71

САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор. Ова го гледаме како можност да ве пречекаме како 30. земја членка на НАТО, изјави американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел по средбата со шефот на дипломатијата Никола Димитров.
„Знаеме дека беа потребни многу работа и компромиси од двете страни. Патот беше долг 27 години за да се стигне до тука. Разговаравме и за следните чекори кои се потребни. Ви даваме голема поддршка, но конечно ова е одлука која само Македонците може да ја донесат за себе. Америка има интерес за Западниот Балкан и се залага за стабилност и просперитет на овој многу важен регион“, рече Мичел.
Тој посочи дека дошол за да зборува со македонските лидери за безбедносните протоколи, стратегиските односи во регионот, економијата, како и за историските можности што и се даваат на Македонија со Преспанскиот договор.
Од македонското МНР по средбата соопштија дека во фокусот на разговорите comprar réplicas de relojes Димитров-Мичел биле евроатлантските перспективи на Република Македонија, како и актуелните политички состојби во земјата и во регионот.
Димитров, како што соопшти МНР, ја потенцираше важноста од натамошна поддршка на САД во евроатлантските интеграции на Македонија и соработката заснована на стратешкото партнерство.
„Нашето заслужено членство во Алијансата, значително ќе придонесе кон градење на просперитетна и побезбедна Република Македонија, што ќе биде од значење и за целиот регион“ истакна Димитров.
Помошник државниот секретар Мичел, се наведува, повторно ја реафирмираше силната поддршка на САД за полноправно членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Тој ги поздравил напорите на Македонија на тој пат, особено со конструктивната политика со соседите, како и постигнувањето на решение за спорот околу името со Грција.
Во тој контекст, американскиот дипломат, се додава, ги повторил очекувањата за успешен референдум и имплементација на Договорот со Грција, со цел заокружување на процесот на зачленување во НАТО и Европската унија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here