Можен е и затвор за Бартомеу, ако Меси си замине од „Барселона“ за помалку пари ?!

83

Меси побара раскин на договорот, Барселона му порача дека може да си оди само за 700 милиони евра, а новинарите откриваат дека таква откупна клаузула не важи во последната година од договорот, па хаосот допрва ќе кулминира во „правната војна“ во која Аргентинецот ќе ја бара слободата.

И сега, во целиот тој хаос се појавува опција дека Бартомеу може да заврши во затвор поради Меси за – лошо раководење на имот.

„Ако Бартомеу го продаде Меси за помалку од очекуваното, може да биде обвинет за лошо раководење на имот. Тоа значи дека до реалната цена на вредноста ќе мора да доплати од свој џеб или да се соочи и да оди во затвор. Затоа тој и ќе се бори до крај за Меси да остане во Барселона“, објави Балаг.

Договорот на Меси истекува идното лето, а Манчестер сити во моментов се најавува како следна дестинација, но проблем е откупната отштета, која адвокатите и Меси ја оспоруваат и бараат слободен раскин на договорот, за кое Барселона вели дека е невозможно зашто поминал рокот.