Мурињо пцуел пред камери…следи истрага со можна парична казна !

Фудбалската асоцијација на Англија ќе ги истражи тврдењата дека Жозе Мурињо пцуел пред телевизиските камери по натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Њукасл.

0
66

„Црвените ѓаволи“ направија фантастичен пресврт, па откако губеа со 0-2 во второто полувреме постигнаа 3-2 за да слават победа на „Олд Трафорд“. По завршувањето на дуелот, Жозе Мурињо беше во фокусот на камерата и можеше да се забележи дека нешто зборува на португалски јазик.

Според коментарите на социјалните мрежи Мурињо рекол, „е***и куч**ни синови“.

ФА ќе го побара Мурињо за коментар по овие случувања и ќе одлучи дали ќе има казна за менаџерот на Манчестер јунајтед. Со оглед на фактот дека менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез минатата недела беше казнет со 60.000 фунти поради тоа што кажа пофални зборови за судија, веројатно е дека и Португалецот ќе биде „удрен“ по џеб.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here