Навивачите на ФК „Шкендија“ демолираа низ Тетово !

Нема повредени ниту е предизвикана материјална штета од страна на навивачите на фудбалскиот клуб Шкендија кои пред почетокот на натпреварот со ФК Шкупи во Тетово го нарушиле јавниот ред и мир фрлајќи со камења и шишиња кон терасата на кафуле во Тетово.

0
64

„До сега нема пријавено дека има повредени лица ниту дека има приченета материјална штета. Навивачите во група се движеле кон градскиот стадион, а освен скандирање на навредливи пораки фрлале со камења и шишиња кон тераса на кафуле во градот”, велат од МВР.

„Балистите” движејќи се по улицата скандирале „учк учк”, и други пораки со навредлива содржина.

Кога се доближиле до кафулето етикетирано како македонско, почнале да фрлаат со камења и шишиња кон терасата каде што имало гости, без претходно да бидат испровоцирани. Полицијата била присутна на местото и не дозволила да се случи поголем инцидент.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here