Home Популарно Над 12.000 луѓе конкурирале за астронаут на НАСА и сакаат да бидат...

Над 12.000 луѓе конкурирале за астронаут на НАСА и сакаат да бидат дел од новата мисија на месечината !

Над 12.000 луѓе се пријавиле да станат астронаути во новата програма на НАСА Артемис, објави американската вселенска агенција.

Ова е вториот најголем број пријави до сега за мисијата чија цел е повторно слетување на американските астронаути на Месечината до 2024 година, со идеја астронаути еден ден да се испратат на Марс.

Претставникот на НАСА Џим Бриндестин кажа дека програмата Артемис отвора „ново и одважно“ поглавје во вселенските истражување и дека е восхитен од големиот број пријави.НАСА во февруари објави дека бара нови астронаути.

Идните астронаути мора да бидат американски државјани со диплома од некоја научна област, како и да имаат две години професионално искуство и најмалку илјада часа летачко искуство.

Избраните ќе минат две години во обука за роботика, прошети по вселената и навигација. Потоа ќе спроведуваат експерименти додека живеат на Меѓународната вселенска станица. НАСА во моментов на располагање има 48 астронаути.Новите кандидати за астронаути ќе бидат објавени на лето следната година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Короната ги откажа манастирските ручеци за Спасовден

Короната и посебните мерки за безбедност ги откажаа манастирските ручеци за големиот христијански празник Спасовден. Иако овој ден како своја слава го...

Короната во Штип не застанува. Денес нови 9 случаи

Короната во Штип не застанува. Денес се откриени нови 9 случаи на позитиовни на ковид 19. Од нив, 7 се вработени во...

Карбинци решава клучен проблем. Започна градбата на пречистителната станица

Карбинци решава клучен проблем. Започна градбата на пречистителната станица . 105,3 мил. денари е вредна идната пречистителна станица во карбинската општина...

Спасовски од Карбинци го повика ВМРО на разумност

Тех. премиер Оливер Спасовски денеска од Карбинци каде што беше по повод денот на општината, го повика ВМРО ДПМНЕ на разумност и...

Инспектори ќе ги едуцираат угостителите

Инспекторски тимови во наредните 10 дена активно ќе ги едуцираат угостителите за примена на протоколите за спречување на коронавирусот...