Над 1200 џихадисти се враќаат од боиштата на Балканот !

618

Повеќе од 1.200 борци терористичката организација Исламска држава регрутирала од Македонија, Косово и Албанија, а најголемиот дел од нив сега сакаат да се вратат во своите држави.

„Според доверливата конференција, од Косово официјално има признаени 403 борци, со што ги сместува на прво место во Европа по бројот на терористи кои заминале на Блискиот исток да се борат за ИСИС. Следува Босна и Херцеговина со 350 борци, Албанија со 180 до 200 борци и Македонија со 156 борци“, стои во документите на босанските разузнавачки служби кои ги објави banjaluka.net.

Во разузнавачките документи се поставувало прашањето што ќе се случи по враќањето на терористите на Балканот, што тоа ќе значи и колку голем ќе претставува тоа, затоа што со оглед на правосудството на Западниот Балкан, јасно е дека џихадистите (ако) ќе добијат симболични казни.