Над 2 мил денари инвестирани во штипското училиште „Димитар Влахов“

177

2.2 мил. денари, општински пари, се доволни, деветолетката „Димитар Влахов“ од Штип да ги исполни стандардите за современо европско училиште. Реконструкцијата и набавка на современ наставен материјал е повеќе од потврда за градоначалникот Благој Бочварски, извршувајќи увид во училиштето.
„Целосно поставување на нова фасада со акрилна боја и реновирање на 16- те тоалети. Останатото е набавката на е- смарт табли и останат современ наставен материјал за изведување на квалитетна настава. Можам да бидам задоволен дека вакви инвестиции не се само стимул, но и темел за европско квалитетно основно образование на најмладите наши сограѓани. Ние сме тука секопгаш, кога тоа е потребно несебично да помагаме за исполнување на високите европски стандарди за квалитет во било која сфера, па и оваа“,изјави Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип.
И годинава ќе биде во знакот на осовременување на деветолетката со други реконструктивни зафати.
„Годинава ќе го реновираме училишниот двор. За тоа проектот е веќе готов, како и комплетна кровна реконструкција на спортската сала“ најави Миле Младеновиќ , дир. на ООУ „Димитар Влахов“ – Штип
За подобрување на квалитетот на основното образование, штипските локални власти годишно од касата одделуваат 20 мил. денари.