Над 20.000 приговори за владината платежна картичка !

794

Над 20.000 мејлови со забелешки се пристигнати до Генералниот секретаријат на Владата од граѓани кои ги исполнуваат условите за добивање картичка со 3.000 денари, а не можеле да се најдат на листата корисници на домашната платежна картичка kupuvajdomasno.gov.mk.

Голем дел од нив се средношколци и студенти, а властите најавуваат дека секој што ги исполнува условите ќе добие средства. Според постоечките податоци, домашни картички треба да добијат околу 324.500 граѓани за што се издвоени 28 милиони евра. Нивното доделување започна во петокот преку банките.

Досега од банките се изработени околу 50.000 картички, а до 18 јули ќе се доделат сите картички кои ќе можат да се користат до 15 август годинава. Приговорите се поднесуваат на веб-страницата за мерката ако го нема лицето кога ќе го впише матичниот број. Доколку смета дека е во една од трите одредени групи со меил треба да наведе име и презиме и доказ дека треба да влезе во една од трите групи.

Податоците на листите се од УЈП, дел од Агенцијата за вработување, од МТСП и дел од МОН добиени преку универзитетите и средните училишта, а дел од ФЗОМ за лекарите кои добиваат награда преку оваа картичка од 40 отсто од основната нето лата.