Наезда на глувци во Ново Село. Жителите во паника. Им се заканува ли зараза

0
277

Глувци го сардисаа штипско Ново Село.  Наездата на глодарите  е неиздржлива, но и опасна по нашето здравје реагираат новоселци пред камерата на ТВ Стар .

„Треба да се исчисти овој дел од Ново Село. Ние сме беспомошни. Од глувците глава не може да дигнеме. Сериозен проблем ни се“, изјави анкетирана жителка на Ново Село.

„Не се само глувците во овие урнатини од куќи. Ги има и во старите, но и во новите куќи во Ново Село. Навистина ни се проблем. Не помагаат никакви мерки, како отров или замки. Мора ова купиште од губре да се исчисти“, дополни анкетиран жител на Ново Село.

За опасноста најдобро елаборираат надлежните од штипскиот Центар за јавно здравје. kup zegarki repliki Глодарите се носители на разни заболувања, но и на вируси  од опасни болести . Една од нив е таканаречениот хан тан вирус, што се пренесува преку нивната урина .

„Заразата може да се пренесо со едноставен допир на местото каде се наоѓа урината на глувците. Потем со вакви неисчистени раце да се допре храна или било што друго. Ако храната во било каков случај била во допир со глувците мора да се фрли или детално измие. Во спротивно лесно може да се внесе во организмот Хан Тан вирусот. Истиот предизвикува обилно крварење во организмот и буквално низ сите отвори во човечкиот организам. Ако не се лекува на време, ова заболување е смртоносно за човекот, впрочем лани имавме два смртни случаи во гостиварско“, посочи  д-р Александра Србиновска – ЦЗЈ – Штип.

Под урнатините од некогашните куќи, се крие во наводници главната база на глувците, едногласни се анкетираните. Тука е, сметаат новоселци, нивниот дом. Од таму, малите незгодни глодари тргнуваат во поход по домовите во најстарото штипско градско јадро. Затоа новоселци бараат под итно надлежните од Општината да го исчистат местото. Од општината ги смируваат вознамирените грагани. Овој викенд проблемот ќе им се реши.

„Ние како општина оваа сабота ќе излеземе на терен. Механизацијата на ЈП „Стипион“ ќе го расчистат местото од каде како што тврдат сограѓаните од Ново Село е дувлото на глувците кои им се горлив проблем“, најави Благој Бочварски – градоначалник на о. Штип.

За среќа, досега лекарите немаат работа, но никогаш не се знае. Водејки се по позната флоскула дека превентивата е најдобар лек, гласната  реакција на штипјани е повеќе од оправдана.

https://www.youtube.com/watch?v=jJVxyXOTMMw&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here