Наместо да купува – секој граѓанин струја може да си произведува и сам

0
110

Наместо да купува – секој граѓанин струја може да си произведува и сам. Ова го предвидувата новите измени во  Законот за , со кој се деблокираат процесите за изградба на производни капацитети од обновливи извори на енергија, особено за фотонапонски и ветерни централи:

„ Домаќинствата или малите погони, може да инсталираат фотоволтаични панели, и на тој начин освен што ќе ја користат електричната енергија за сопствени потреби, односно се потрошувачи, ќе може да станат и производители на електрична енергија. Очекуваме голем интерес кај домаќинствата и стопанствениците, со што ќе се придонесе за заштеди во домаќинствата и поекономично работење на компаниите, како и поголема инсталирана моќност во Република Македонија“, нагласи Кочо Анѓушев, вицепремиер за економија.

Веќе има одредени парцели државно земјиште, кое ќе биде урбанизирано и ќе се направат напори да се овозможи приклучок на електропреносната мрежа. За да биде задоволен интересот на сите инвеститори, ќе се распишат аукции и за фотонапонски централи со моќност од 10 мегавати или повеќе, но и за помали централи со моќност од 1, 2 или 3 мегавати.

Очекувањата се дека, во наредниве година-две, ќе бидат изградени фотоволтаици со инсталирана моќност до 200 мегавати.

Сево ова е дел од напорите за промоција на користењето на обновливите извори на енергија и создавање на услови за  нивно поголемо користење:

„Врз основа на анализите на техничко-технолошките услови, начинот за приклучување и начинот за користење и пристапот на електро-дистрибутиниот систем на оваа јавна расправа понудивме решение со кое домаќинствата-потрошувачи може да произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, а вишокот да го предаваат во електро-дистрибутивната мрежа. Со ова се дава можност на граѓаните, како и на фирми, кои се мали потрошувачи на електрична енергија и на буџетските корисници да инсталираат соодветни панели и да произведуваат електрична енергија за сопствени потреби“, кажа Крешник Бектеши, министер за економија.

Употребата на обновливи извори на енергија е еден од условите за влез на државата во Европската Унија, но и начин да се добие енергија која е поевтина и не ја загадува животната средина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here