Наплатата на струја само 30 %

126

Наплатата на сметки за струја е само 30 %, откако започна кризата со корона вирусот, информираат од регулаторната комисија.

„ Свесни сме дека многу од потрошувачите ќе имаат тешкотии да ги платат сметките за струја, вода и парно и затоа сега дефинираме модел како да го олесниме плаќањето. Сепак ние како регулаторна го штитиме интересот на потрошувачите, но и се грижиме за сигурност и стабилност на испораката на електричната енергија до сите потрошувачи во оваа вонредна состојба“, информираат од Регулаторна.