Наскоро населба Балканска ќе се приклучи на градскиот водовод

0
102

600 жители од приградската населба Балканска наскоро ќе добијат чиста вода за пиење од градскиот водовод, најави денеска градоначалникот Благоја Бочварски, објавувајќи го финалниот дел од изградбата на водоводната линија до оваа населба.

„Проектот е со вредност од над 16 милиони денари. Инвестицијата е на општината и ЈП „Исар“. Денеска со задоволство ги информирам граганите дека сме на самиот финиш од изградбата на водоводот, со должина од 1.300 метри,а до денеска се изработени 1.250 метри. Остануваат уште 50 метри и очекуваме утре и тоа да се заврши, поточно до разделната шахта со крак до населбите Македонка и Чардаклија“, изјави градоначалникот на Штип Благој Бочварски.

Изведбените работи во воспоставувањето на водоводната линија не завршуваат тука. Следува поставување на уште еден крак кон приградската населба Чардаклија.

„Ќе ги разгледаме моќностите, дали ќе примениме со финансирање преку општината и ЈП Исар, или ќе бараме други начини. како и да е многу е важно дека со ова покажувам,е дека општината се грижи за најпотребните работи на граганите, а тоа е да им обезбедиме чиста вода за пиење за сите граганите на општина Штип“ , дополни Бочварски.

Во мегувреме, граганите од приградската населба Балканска, со чиста вода за пиење се снабдуваат од приватната компанија Бобо Комерц.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here