НАТО незадоволен што Турција го користи ракетниот руски систем С-400 !

92

НАТО изрази загриженост поради извештаите дека нејзината членка Турција за време на вежбата го користела рускиот систем за воздушна одбрана S-400.

„Овој систем може да претставува ризик за сојузничките авиони и може да влијае на односите меѓу членките на НАТО.Ова е одлука на Турција, но S-400 не може да се интегрира во системот за воздушна и ракетна одбрана на НАТО. Важно е Турција да продолжи да работи со други сојузници за изнаоѓање алтернативни решенија“, рече портпаролката на Алијансата.

Турските медиуми претходно објавија дека владата во Анкара во петокот тестирала ракети земја-воздух недалеку од црноморскиот град Синоп.

Соединетите држави веќе ја исклучија својата партнерка Турција од програмата борбени авиони Ф-35 за купување руски ракетен систем и се закануваат со санкции.Анкара вели дека не добила разумна алтернативна понуда од партнер во НАТО.