Најголемиот германски автомобилски производител „Volkswagen“ за шест месеци загубил 1,4 милијарди евра !

266

Пандемијата на коронавирусот е погубна и за Volkswagen. Најголемиот германски производител во првите шест месеци од годината забележа загуба од 1,4 милијарди евра. Само за споредба, истиот период минатата година Volkswagen оствари добивка од 9,6 милијарди евра, пред оданочување.

Причината за овој катастрофален финансиски перформанс е кризата предизвикана од коронавирусот поради што во март и април речиси сите фабрики на германскиот производител беа под клуч. Следствено на тоа, испораките во првата половина од годината се намалија за 27%, на 3,9 милиони возила.