Најдобрите учениците од Кочани летуваат на хрватскиот остров Паг

0
62

Првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Кочани го користат седумдневниот одмор во Паг,  Република Хрватска. Ова е награда од Општина Кочани за успесите постигнати во школувањето. Летувањето на хрватскиот остров Паг е резултат на повеќегодишната соработка на  збратимените општини Кочани и Крижевци.

„…Поаѓајќи од идејата дека контактите и зближувањето на луѓето од двете општини е најважно за одржување на соработката, веќе трета година се реализира идејата за летување на кочанските ученици во Паг и зимување на крижевски ученици на Пониква.  Настојуваме овие пријателски општини да ја продлабочуваат соработката во сите сфери од живеењето, во делот на развој на бизнисот на мали и средни претпријатија, образованието, културата …“ се вели во соопштенсето од општина Кочани.

Покрај вообичаените летни активности, учениците посетуваат познати локации, културни-уметнички институции и настани.

Покрај бесплатното летување, учениците на генерацијата од Кочани како награда од Општината добија и по 6 000 денари.

https://youtu.be/7o3h9f6b0yU

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here