Најмалку 500 нови стечајци од регионот ќе добијат пари од државата

0
150

Најмалку 500 нови стечајци од регионот ќе добијат пари од државата, до пензионирање или ново вработување. Ова на нив ќе им го овозможи новиот предлог – закон за т.н. стечајно згрижување кој вчера доби зелено светло од Владата:

  • На оваа 82 седница владата го усвои Предлогот на Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата за да се овозможи правото на материјално обезбедување да се оствари без разлика дали работниот однос склучен по користењето на паричниот надоместок по основ на невработеност, бил на определено или неопределено време и дали престанал е по волја и вина на работникот. На овој начин ќе се овозможи материјално да бидат обезбедени дополнителни 1600 невработени лица, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.

Конкретно за Штип, тоа значи шанса за спокој на близу 200 дополнителни семејства:

  • Досега имавме околу 270 позитивни решенија, сега очекуваме уште дополнителни околу 180, кажа Кемаледин Арсланов, прет. на УНИТ – Штип.

Сепак, за ова и реално да се овозможи, Законот најнапред треба да добие поддршка и од пратениците:

  • Законот мора најнапред да помина во Собрание, потоа да излезе во Службен весник. Дури потоа ќе ги известиме нашите членови да отидат и д аподнесат нови барања, појасни Арсланов.

Првично, на ниво на држава со законско решение беа згрижени околу 5.000 стечајни работници со наполнети најмалку 15 години стаж, а кои по приватизацијата на фирмите, останале без работа. Со дополнителната бројка нивниот број ќе изнесува 7.600.

https://youtu.be/eEwYFV7Bap0

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here