Најпознатата градба на Барселона, „Саграда фамилија“ е дивоградба ?!

0
112

Познатата базилика на шпанскиот архитект Антонио Гауди, „Саграда фамилија“ во Барселона, која е под заштита на УНЕСКО, се гради без надзор од надлежните, кои би требало да обезбедат почитување на градежните прописи, пишува весникот „Ел паис“.

Базиликата во готски стил се гради веќе 136 години, а изградбата не ја контролира ниту локалниот совет на градската управа ниту каталонската регионална влада, пишува весникот и истакнува дека познатата градба дневно ја посетуваат во просек по 12.000 луѓе.

compra orologi replica Годишно базиликата ја посетуваат околу 4,5 милиони луѓе и се проценува дека таа е најпосетена туристичка атракција во Шпанија.

Планирано е „Саграда фамилија“ да биде завршена до 2026 година на 100-годишнината од смртта на Гауди, но и покрај огромното значење на проектот за Барселона и околината, познатиот објект нема дозвола за изградба.

Една дозвола е издадена во 1882 година кога локалните власти го одобриле планот на Гауди. Катедралата дури не е ни впишана во катастарот, а од 1995 година земјиштето на кое се наоѓа се води како сопственост на епархијата на Барселона.

По повеќе од еден век, колку што трае изградбата, одборот за градење и градоначалничката на Барселона, Ада Колау, во 2015 година почнаа преговори за да ја регулираат градбата со специјален урбанистички план. До тогаш градежните активности ќе продолжат без каков било надзор.

Во 2007 година било откриено дека осум столба на објектот кој е граден без никакви градежни правила навлегле од 20 до 50 сантиметри во означената патека за поминување околу базиликата. Градското собрание не презело ништо, наведува весникот.Колау изјавила дека таа само работи на постигнување договор што ќе обезбеди градежна дозвола за базиликата и да се продолжи изградбата според планот на Гауди.

Досега се завршени 70 отсто од базиликата висока околу 85,4 метри. Во 2022 година е планирано да биде поставена купола од Исус Христос со што „Саграда фамилија“ ќе стане највисоката зграда во Барселона со 172,5 метра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here