Најстарата мисловна игра во светот бадуко – стигна и во Штип

0
65

Најстарата мисловна игра на светот – Бадуко или позната уште како Го, денес беше презентирана пред студенти на штипскиот Универзтитет. Зошто оваа игра е добра за сите, објасни еден од најстарите Го играчи на Балканот – Жељко Веселиновиќ од Ниш.

„Се работи за настарата мисловна игра, кога последните две години е основа за комбинација на софтверски програми за вештачка интелегенција и станува се попопуларна во светот. Играта е позната како извонредно средство за развој на детската интелегенција и за смирување на децата кои се потемпераментни“, објасни Жељко Веселиновиќ, Го играч.

Бадуко или Го е игра која може да ја играат сите генерации, од деца до возрасни. Што е потребно за да се почне со играње :

„Потребно ви е да имате само двајца играчи, по 160 црни и бели каменчиња и една табла. Таблата може да биде со различни димензии и потребна е само добра волја“, истакна Зоран Паскали, основач на Го клуб – Охрид.

Инаку, играта се наоѓа на листата на признаени неолимписки спортови, а најдобрите играчи од Србија за учество на натпревари се финансираат од Владата.

Услов да се формира Го сојуз во Македонија е да има регистрирани најмалку три клубови. Првиот веќе функционира во Охрид, вториот најверојатно ќе биде во Штип и третиот во Скопје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here