На авиокомпаниите ширум светот ќе им требаат околу 80 милијари долари за да преживеат !

21

На авиокомпаниите ќе им требаат меѓу 70 и 80 милијарди долари дополнителна помош од владите за да ја преживеат кризата поради „COVID-19“, што ја осиромашува нивната каса, изјави генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), Александар де Жунијак.

Секторот веќе има добиено 160 милијарди долари помош од владите, но во следните месеци потребите на индустријата за дополнителна помош треба да бидат од 70 до 80 милијарди долари, а доколку не ја добијат, тие нема да преживеат, изјави Де Жунијак во интервју за Ла Трибјун. по повод собирот посветен на воздушниот транспорт „Paris Air Forum“.

о вториот бран на вирусот, авиосообраќајот има тешкотии при рестартирање и авиокомпаниите ќе продолжат да бележат загуби. Веројатно ќе имаат загуби од 100 милијарди долари оваа година, а не 87 милијарди колку што беше проценето претходно.

На долг рок, сепак, тој проценува дека веројатно ќе има помали можности за банкрот, затоа што ќе бидат принудени да ослободат голем дел од флотата или да затворат некои линии, или да имаат поограничена програма за летање