На гости кај противникот: Русите упаднаа со два авиона на најголемата вежба на НАТО !

Руски воени авиони ја надлетале најголемата воена вежба на НАТО од Студената војна, јавуваат агенциитее со оценка дека со таквиот инцидент Русите ризикуваат да предизвикаат војна со 29-те земји членки на Алијансата.

0
148

Како што се тврди, војниците на американскиот команден брод УСС Маунт Витни се собрале на палубата за да го набљудуваат надлетувањето на двата авиони тупољев Ту-142 крај брегот на Норвешка.

„Тие нѐ набљудуваат нас и ние ги гледаме нив“, изјавил полковникот Гарт Менџер од британската Кралска морнарица, задолжен за оперативни должности на бродот на американската воена морнарица.

Русија потврди дека два авиони Ту-142 извршиле претходно планиран лет во неутралните води на Норвешкото Море.Пентагон тврди дека рускиот авион прелетал на само 500 метри од американскиот воен брод, кој учествува во најголемата воена вежба на НАТО од завршувањето на Студената војна, наречена Трајдент џанкчр, во која учествуваат 50.000 војници, 65 брода, 250 летала.

Агенциите потсетуваат дека минатата недела Москва објави дека ќе тестира проектили во регионот за време на вежбата на НАТО, која ја нарече „антируска“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here